2win800x200

Камерниот оркестар го донесе „Бродвеј во Битола“

Април 22, 2018

Битолската публика вечерва имаше можност да ужива во бродвејски амбиент што во големата сала на Центарот за култура го доносоа Камерниот оркестар од Битола и солистите кои настапија на овој концерт.

На овој музички спекатакл, насловен „Брдвеј во Битола“ заедно со оркестарот силни и импресивни изведби имаа солистите Наде Талевска, Елена Петреска, Игор Узунов, Марија Груевска, Ана Гаштарова на најубавите бродвејски мјузикли како: „Коса“, „Мулен руж“, „Кабаре“, „Приказна од западната страна“, „Фантомот од операта“, „Убавицата и ѕверот“, „Девојки од соништата“ и многу други.

Аранжманите на композициите кои беа изведени на концертот ги подготви Владимир Димовски, кој е диригент на Камерниот оркестар од Битола

Публиката која до последно место ја исполни големата сала на Ценарот за култура неколку пати побара оркестарот и солистите да излезат на бис, а од сцената ги испратија со долготраен аплауз.

 kameren 2

Концертот беше збогатен со изведби на танцовиот спортски клуб „Степ ап“

received 10216521178370722

Ова е втор  концерт на Камерниот оркестар оваа сезона, кој ја започна годината со одличната „Џон Вилијамс симфонија“, која беше претставена пред битолската и скопската публика.

Камерниот оркестар веќе неколку години работи под покровителство на Центарот за култура, а концертот е поддржан од Министерството за култура.

kameren 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани