АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Либерално-Демократската Партија внимателно ги следи сите нови моменти околу проектот Парк и велосипедските патеки.
КОГА МУ СЕ ДАВАА ПАРИ ЗА ПРИВАТЕН СУБЈЕКТ БЕА ВЛАСТ, А КОГА НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ КОПАНКИ, СЕ ОПОЗИЦИЈА.
Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека ЛДП ја вознемириле Габриела Илиевска од Поинаку со фејсбук статус со политички обвинувања за наводни „лажни ветувања и популизам“ објавени на 30 декември минатата година. Според мислењето дадено од Комисијата, Илиевска била вознемирена врз основа на политичка припадност и други видови уверување во постот „Народот си дојде по своето“ објавен на официјалната фејсбук страница на ЛДП-Битола.
Во постот пишува: „Лажните ветувања, популизмот, секојдневните лаги и големите желби, кои се очигледно над реалните можности си го сторија своето. Нема потреба од замајување на јавноста, нема потреба од изигрување од лажни херои и жртви, се е веќе прочитано и видено“.
Комисијата ѝ препорча на ЛДП во рок од 30 дена да ги отстрани спорните содржини од профилот, а упати писмено извинување за стореното вознемирување и во иднина да се воздржат од содржини кои предизвикуваат вознемирување по било кои дискриминаторски основи.
По ова Илиевска на нејзиниот фб профил напиша: „Поинаку ѝ препорачаа на ЛДП никогаш повеќе да не се занимавате со политика. СТОП за дискриминација кон било кој!
Од ЛДП возвратија дека Комицијата за заштита од дискриминација ја има целата нивна поддршка да пработи по сопствено професионално видување, но тоа не ги спречува да изразат изненаденост и крајно разочарување од нејзиното мислење.
„Правниот тим на ЛДП не може да определи од образложението на Комисијата во која смисла на Законот за спречување и заштита од дискриминација е направено било какво вознемирување, со кое би сè овозможило да се преземат корективни мерки и во рамките на партијата и во рамките на општеството за да се реализира основната цел на законот, а тоа е да се делува превентивно за спречување на било каков вид на дискриминација во општеството и да се понесе лична одговорност за оние кои вршат дискриминација врз било кој граѓанин или граѓанка на Македонија“, пишува во соопштението на ЛДП.
ЛДП ќе ги почитува правните и демократските механизми во државата, не бегајќи од никаква одговорност. Извинувањето или бришењето на објавата велат дека е полесниот дел од работата и ќе го направате со чувство на доблест и правичност. Но, нема да се откажат од инсистирање на целосно разјаснување на спорното мислење на Комисијата. Ќе ги преземат следните чекори:
-Правниот тим на ЛДП ќе поднесе жалба до Комисијата за донесеното Мислење и ќе побара детално објаснување. За резултатите од процесот дополнително ќе ја информираме јавноста.
-Согласно препораката на Комисијата, спорната содржина веднаш ќе биде отстранета од социјалните мрежи. Доколку во жалбената и евентуалната судска постапка се утврди дека содржината не била спорна согласно ЗСЗД истата ќе биде повторно објавена на социјалните мрежи.
-Согласно препораката на Комисијата, ЛДП ќе упати писмено извинување до подносителот на претставката, воедно информирајќи го подносителот дека партијата го прави тоа почитувајќи ја Комисијата и институциите во државата едновремено поднесувајќи жалба на Мислењето на Комисијата за разјаснување на случајот и во насока на превентивно делување во општеството од сите чинители. Извинувањето во никој случај не може да се третира како одобрување на политиките, политичката активност и на способноста на подносителот за извршување на важната општествена функција, за која целосно го задржуваме правото на слобода на мисла и на говор без дискриминација.
-Согласно препораката на Комисијата, ЛДП не само што ќе се воздржи од изразување на содржини кои предизвикуваат било какво вознемирување заснована на било која од дискриминаторските основи, туку и жестоко ќе инсистира никој во општеството така да не се однесува.
-ЛДП ќе побара писмено објаснување од страна на Комисијата зошто воопшто нема реагирано по основа на допрен глас по канонадата на јавен говор полн со омраза врз основа на пол и политичко убедување на кое е изложена претседателката на ЛДП Моника Зајкова, во смисла на вознемирување и дискриминација согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.