2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва се обрати на 15-то по ред издание на Фестивалот на музика од светот, кој годинава се одржува под мотото „Една сцена, звук на светот“. Таа од организаторите на фестивалот беше најавена не само како личност која е најсилно врзана со културниот развој во нашата земја, туку и како визионер кој верува во моќта на уметноста и на културата дека можат да ги трансформираат општествата. 

Костадиновска-Стојчевска во својот говор кажа дека е горда што Битола преку овој фестивал и придружната програма покажува подготвеност на високо ниво да се вклучи во европските процеси на поддршка на младите локални автори, и да ги поврзе националната со независната сцена.

Овој викенд Битола ќе биде повторно домаќин на единствениот фестивал во нашата држава кој ја слави музиката која влегува во категоријата world music, традиционлна музика на секој народ на светот која има глобален карактер и припаѓа на светското културно наследство. Три дена музика,концертни амбиенти и сите фестивалски луѓе заедно и на официјалната програма на големата сцена на Центарот за култура кој е организатор на фестивалот и во ОФФ програмата која ќе се случи во Клубот Јагода, кој е центар на електронската музичка сцена во овој град.

Новото разбирање на културата на звукот за овој музички жанр, зачнато е во почетокот на 80-тите години како компромис помеѓу традиционалните музички култури и современите музички текови. И ова е музичката мисија која ја негува овој фестивал. Оттука, селекторот Владимир Димовски, годинава се одлучи за програма која ќе биде патување од танго, преку џез, до етно звуци од Балканот и македонски шлагери, како и вклучување на електронската музика во неофицијалната програма.

На првиот фестивалски ден ќе настапи LIBERQUATRO TANGO ENSEMBLE од Србија. Состав кој тангото го комбинира со џез во мелодиски и ритмички обрасци.

Балканскиот славеј, Билјана Биља Крстиќ, во сабота, на втората фестивалска вечер ќе настапи придржувана од Камерниот оркестар на Битола Светски познатата српска пејачка има издадено повеќе албуми. 

На последната фестивалска вечер, грст македонски евергрини ќе испеат вокалните солисти Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Јасна Димитровска, Зарина Прва Севда, Тамара Стојковска и Нико Ѓоргиевски на концертот на Битолскиот дувачки оркестар.

„Музиката ја има таа моќ да не прошета низ минатото, сегашноста и иднината, да ни открие цели светови и да не сокрие во еден подобар универзум. Нашиот фестивал силно ја прегрнува музиката од светот, и го отвора срцето на градот, претворајќи го во лулка на уметноста. Во трите фестивалски денови ќе се слеат различни музички правци, а нашиот фестивал ќе стане пристаниште на домашни и странски уметници кои го говорат универзалниот јазик на музиката. Радост е да бидеш директор на Фестивал на музика од светот, особено во едно време на предизвици, кое не потсети на минливоста на животот и бесмртноста на уметноста. Затоа нека живее уметноста која ќе го спаси светот и ќе го обои во боите на надежта" - напиша Маја Андоновска Илијевски во каталогот кој го издава фестивалот.

Фестивалот последните години има и своја ОФФ програма, годинава локацијата за истата е центарот на електронската музика во тој регион, Клубот Јагода, со гости ДЏ артисти од Грција и домашна локална поддршка. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.

НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на интернационалниот фестивал „Музика од Светот“ ја промовира програмата на јубилејното, 10-то издание кое ќе се одржи  од 16 до 18 ноември 

„Љубојна“и специјалниот гостин Џамбо Агушев, во петок навечер, (10 ноември),  лирскиот тенор од балканските простори  Божо Вречо  како и  составот „Џипси Грув“ изведувачи на автентична балканска ромска музика кои ќе настапат во сабота вечер (11 ноември) , е понудата на овогодинешниот „Фестивал на музика од светот“ во Битола. Центарот за култура од Битола најави дека е подготвен за деветтото издание на фестивалот, еден од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во градот во текот на годината.

Селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски, рече дека годинава  фестивалот е насочен на музика од Балканот.

-Таканаречната „балканската музичка струја“ е така густа и содржајна и на сите светски фестивалот ги очекуваат сите тие имања со големо нетрпение и внимание.

Во Битола ќе настапат бравурозни имиња, како Божо Вречо , нов изведувач на севдах мизиката, со неверојатна експресија,  и составот „Џипси Грув“момци кои сакаат да докажат  дека Балканот е простор полн со крвоток и дека во политички контекст треба слободно да се испочитуваат сите стилови на овој простор - рече Јосифовски.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола, а директорот на Центарот за култура, Зоран Димовски рече дека , средствата за оваа манифестација не се доволни, па финансиските исплаќања ќе се решаваат во од.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани