На градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и беше врачена Благодарница за успешна соработка и афирмација на активностите на Друштвото на ликовни уметници на Битола, од страна на претседателката на ДЛУБ Нела Петровска. 

По повод 80 годишнината од почетокот на антифашистичкото востание, цвеќе пред Споменикот на загинатите борци пред Центарот за култура во Битола положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинскиот сојуз на борците, претставници на политичките партии СДСМ, ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ, претставници на Форум на пензионери од СДСМ и претставници на семејствата на првоборците.

„Празниците се значајни најмалку за два работи: прво, да се потсетиме и да им оддадеме почит на оние кои што се заслужни за сето ова што го имаме, а второто е тоа да се присетиме себеси дека се во животот е избор. Избор имаме и во нашата денешница, за нашата битка, за нашата борба, која што треба да претставува продолжување на негување на вреднотите за кои се бореле нашите предци во минатото. Сите ние навистина треба да оддадеме длабока почит кон оние кои што ги дале своите животи за да бидеме денес ние овде, но и со нашето делување да ја продолжиме нивната битка“, рече градоначалничката Наташа Петровска, која воедно го честита големиот празник.

Градоначаничката Петровса, претставници на Советот на Општина Битола, Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, претставници од СДСМ и претставници на семејствата на првоборците, подолжија свежо цвеќе на партизанските гробишта, со што им оддадоа почит на народните херои, кои ги положија животите во Втората светска војна, за слободна и независна држава.0

пшарти

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани