2win800x200

Синоќа, во просториите на НУУБ ,,Св. Климент Охридски Битола, Македонското научно друштво-Битола го одржа своето редовно изборно Собрание на кое за претседател во наредниот двегодишен мандат (2022-2024 година) повторно беше избрана вонр. проф. д-р Невена Груевска, која оваа функција ја извршуваше и во изминатиот двегодишен период.

Членовите на изборното Собрание на МНД-Битола, исто така едногласно изгласаа во наредниот двегодишен период, функцијата потпретседател на МНД- Битола да ја врши м-р Николче Трајчески, член на одделението за општествени науки. Со одлука на членовите на Собранието на МНД-Битола, избрани се и нов состав на Управен одбор, Уредувачки Совет, Надзорен одбор и Етичка комисија.

Во пресрет на 25-ти април, Денот на основањето на ДНУ/МНД-Битола, Македонско научно друштво-Битола на јавноста и презентира изложба на фотографии и документи – „Наши години“. Изложбата е поместена во Фоаје на НУ Центар за култура-Битола и ќе биде отворена до 5-ти мај.

Членовите на Македонското научно друштво од Битола на денешното изборно собрание, за првпат избраа жена за претседател. Научното друштво кое опстојува шест децении во селдните години  ќе го води Невена Груевска, професор на Славјанскиот универзитет во Битола. Таа доаѓа на местото на досегшаниот прв човек на МНД, долгогодишниот новинар, публицист и професор Марјан Танушевски.

Новата претседателка Груевска високо образование стекнала на Факултетот за биотехнички науки во Битола во учебната 2005/2006 година и била прогласена за еден од трите најдобри студенти на генерацијата, каде од 2005-2008 година била ангажирана како демонстратор. Магистерски труд одбранила на ФБН - Битола 2009 година. Докторски труд изработен и одбранет на ФБН- Битола, 2016 год. Автор и коавтор на повеќе од 10 научни труда. Од академската 2017/2018 година ангажирана на МСУ Гаврило Романович Державин и избрана во звање –доцент, на Факултетот за безбедност при работа. На истата установа во академската 2018/2019 година е редовно вработена и ја извршува функцијата продекан за настава. Член на Македонското научно друштво – Битола од 2010.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани