АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И во продолжениот распуст битолчани на планина . Ски центарот Нижеполе и денеска се капе во сонце додека Битола е заробена во магла.
И на Бадник е топ во Ски центaрот Нижеполе. Ски патеката и околните терени се полни со скијачи и други љубители на белите спортови и планината. Меѓу гостите има дечиња од неколку години кои за првпат застануваат на скии, до повозрасни гости кои искусно скијаат. На паркингот има и возила со скопски регистрации што укажува на тоа дека и скопјани скијат на Пелистер. Оние посетители кои не знаат да управуваат со скии, уживаат санкајќи се.
Околу четиристотини гости од Битола, Охрид, Ресен и други градови вечерва на ноќно скијање уживаат во ски центарот „Нижеполе“ на Пелистер. Со оваа ноќна атракција и официјално стартуваше ски сезоната во овој туристички центар со кој управува ЈП „Стрежево“. Вечерва сијањето е бесплатно.