2win800x200

Битолчанецот  Никола Гаговски, е избран за нов претседател на Независниот синдикат на шумската полиција и администрација, на вонредното изборно  собрание што се одржа вчера во Штип. Гаговски работи  во шумската полициска станица во Битола.

Вчерашното Собрание беше свикано бидејќи досегашната претседателка Аница Симонова од ШПС, Крива Паланка е назначена за началник на Секторот шумска полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија.  Во изборот за претседател на Синдикатот беа шест кандидати, од кои со мнозинство гласови е избран Гаговски.  

Вчера  на Собранието беше изгласано и ново претседателство.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани