АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанецот Никола Гаговски, е избран за нов претседател на Независниот синдикат на шумската полиција и администрација, на вонредното изборно собрание што се одржа вчера во Штип. Гаговски работи во шумската полициска станица во Битола.
Вчерашното Собрание беше свикано бидејќи досегашната претседателка Аница Симонова од ШПС, Крива Паланка е назначена за началник на Секторот шумска полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија. Во изборот за претседател на Синдикатот беа шест кандидати, од кои со мнозинство гласови е избран Гаговски.
Вчера на Собранието беше изгласано и ново претседателство.