2win800x200

Од битолската Априлијада ги издвојуваме костимите на паралеката II в од ОУ „Даме Груев“ во Битола, под менторство на наставничката Гордана Јанкуловска. Ученичиња семафори-ем едукативно, ем креативно. Во изработката на костимите учествуваа и наставничката и учениците и родителите. Одличната соработка даде одличен резултат.  277805129 10158454547106674 7022772762278028545 n

277512132 10158454547621674 8487454812258910811 n

За в.д директор на ОУ Даме Груев, назначена е Биљана Дамчевска Бакиевска, дипломиран учител вработена во училиштето. Дамчевска Бакиевска, доаѓа на местото на досегашниот директор Роза Јовановска.

Основното училиште „Даме Груев“ од Битола, основано далечната 1948 година, каде низ годините многу генерации се образуваа и воспитуваа, денес го прослави 73 патрон празник.

Од училиштето соопштија дека по повод патронот се реализираа многу активности, но сите со почитување и запазување на мерките за заштита од корона вирусот. Активностите за поголема организираност беа реализирани на ниво на стручните активи во училиштето. Во нив учество зедоа голем број наставници и ученици од прво до деветто одделение.

Дел од тие активности беше и промоцијата на Еразмус проектот ,,Game on,,.Детскиот парламент, пак, кој реализирашеработилница на тема: ,,Различни форми на слободата“ во кој учествуваа сегашни, но и некогашни ученици од ОУ ,,Даме Груев,, а денес истакнати општествени личности.262951135 598345764584357 240866439487018971 n

Се организираше ликовен и литературен конкурс. Литературните творби беа поместени на страниците на училишниот весник, кој како и ликовната изложба е во електронска форма. Учениците од 4 б учествуваа во ,,Новогодишна уметничка работилница за деца“ како дел од ,,Зимска приказна,, на Општина Битола и во реализација на Владо Ѓоревски Рафик.

На денешниот ден по повод празникот се организираше и  кратка приредба каде учество зедоа ученици кои реализираа историски час посветен на Дамјан Груев. Приредбата ја збогатија соло настапите на повеќе ученици со музички точки, а беа доделени дипломите на учениците кои беа наградени и пофалени од ликовниот конкурс.265994112 477984903683191 82355385579248916 n

266564244 1111215572952863 978791085158374050 n

269624616 455485749307503 8453873382282242272 n

269921205 448013460296120 678729565975876427 n

263796509 303842128336062 8656125024156391032 n

269614426 704389807610902 9000597240386897595 n

269722637 599122361236787 4093527060901917411 n

266701046 1039322486629106 1220719427517314687 n

269747878 453792576387548 2856447542946931666 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани