АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното училиште „Даме Груев“ од Битола, основано далечната 1948 година, каде низ годините многу генерации се образуваа и воспитуваа, денес го прослави 73 патрон празник.
Од училиштето соопштија дека по повод патронот се реализираа многу активности, но сите со почитување и запазување на мерките за заштита од корона вирусот. Активностите за поголема организираност беа реализирани на ниво на стручните активи во училиштето. Во нив учество зедоа голем број наставници и ученици од прво до деветто одделение.
Дел од тие активности беше и промоцијата на Еразмус проектот ,,Game on,,.Детскиот парламент, пак, кој реализирашеработилница на тема: ,,Различни форми на слободата“ во кој учествуваа сегашни, но и некогашни ученици од ОУ ,,Даме Груев,, а денес истакнати општествени личности.
Се организираше ликовен и литературен конкурс. Литературните творби беа поместени на страниците на училишниот весник, кој како и ликовната изложба е во електронска форма. Учениците од 4 б учествуваа во ,,Новогодишна уметничка работилница за деца“ како дел од ,,Зимска приказна,, на Општина Битола и во реализација на Владо Ѓоревски Рафик.
На денешниот ден по повод празникот се организираше и кратка приредба каде учество зедоа ученици кои реализираа историски час посветен на Дамјан Груев. Приредбата ја збогатија соло настапите на повеќе ученици со музички точки, а беа доделени дипломите на учениците кои беа наградени и пофалени од ликовниот конкурс.