2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Бројката на зболени од КОВИД-19 во Ресен се искачи на 25, а вкупно 110 нивни директни контакти се под здравствен надозр, информираат од Центарот за јавно здравје во Битола. Првиот позитивен случај во овој град беше на 10 јуни.

Бројот на заразени со КОВИД 19 забрзано се шири во Ресен. Денеска се регистрирани 14 новозаболени. Од град со  ниту еден заболен до пред неколку дена, сега има 17 позитивни и еден починат.

Еден од вработените во ресторанот „Две лири“ во Ресен е позитивен на КОВИД-19, објави раководителот на ресторанот на Фејсбук профилот. Пред два дена Ресен го регистрираше  првиот случај на заболен од коронавирус од почетокот на кризата.

-Како раководител на ресторан кој што спаѓа на една во најранливите категории во борбата со COVID 19 ние самоиницијативно се решивме да се тестираме каде што тестовите испаднаа негативни.
Но во самото тестирање беше вклучен вработен со симптоми на грип.
Истиот беше тестиран во приватна болница во Скопје и од 2 теста касно вечерва, добивме информација дека на еден од нив за жал е позитивен.
Со цел да се заштити персоналот и сите наши муштерии ресторанот Две Лири ќе биде превентивно затворен во наредните 14 дена.
Целосно стоиме на располагање на службите со цел локализирање на ширењето, пишуваат од ресторанот „Две лири“ на ФБ.
 

Основното јавно обвинителство Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица заради кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани