Во Ресен во изолација се 110 директни контакти на 25 заболени од КОВИД-19

Јуни 15, 2020

Бројката на зболени од КОВИД-19 во Ресен се искачи на 25, а вкупно 110 нивни директни контакти се под здравствен надозр, информираат од Центарот за јавно здравје во Битола. Првиот позитивен случај во овој град беше на 10 јуни.

Инаку од Центарот за јавно здравје во Битола и регионот кој го покрива досега се земени вкупно 815 брисеви од кои 369 по епидемиолошки индикации, 116 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 63 лица, од кои 34 се со место на живеење во Битола, 3 во Кичево, едно лице во Демир Хисар и 25 лица во Ресен. Според исходот на заболувањето кај 32 лица болеста е во тек (7 од Битола, 1 од Кичево и 24 од Ресен), 28 лица се оздравени и кај 3 лица болеста имаше смртен исход.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани