АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
МКЦ реализираше уште едно успешно издание на Фестивалот „Битола отворен град“ со концерти, изложби и други културни настани кои покажаа дека младите во Битола се жедни за култура и дека таа е можна и во услови на пандемија доколку се почитуваат пропишаните протоколи.
Претседателот на Прогрес институтот за социјална демократија, д-р Сашо Додовски, кој досега многу пати ја докажал својата хуманост, помага и овој пат кога земјата е исправена пред голем презивик, а тоа е борбата со коронавирусот. Додвски кој помагал на многу места каде што луѓето имале потреба од помош, сега несебично ја донираше разликата од 14 500 денари до полната плата во Фондот за борба против КОВИД-19. Неговата постапка треба да биде пример за многумина интелектуалци и хумани луѓе во земјава кои можат со свои донации да помогнат во борбата против заразната болест. Хуманоста е голема доблeст на луѓето да го споделат она што го имаат со другите со цел светот да биде подобро место за живот на сите.
Реплики на ретки икони кои го краселе само манастирот во Слепче насликал познатиот ликовен уметник од Демир Хисар, Љубе Неделковски –Бобек. Меѓу нив се иконите на Богородица Троеручица, која пак ја има само на манастирот во Хилендар и во Слепче. Но, македонската икона е однесена во Музејот во Скопје и таму се чува, а Бобек насликал икона како онаа слепченската, давајќи свој уметнички белег во сликањето..