2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Интервју со Сашо Додовски, еден од основачите на МКЦ „Истиот тим работи на Битола отворен град 19 години, тоа е тајната за неговото траење

Септември 08, 2020

МКЦ реализираше уште едно успешно издание на Фестивалот „Битола отворен град“ со концерти, изложби и други културни настани кои покажаа дека младите во Битола се жедни за култура и дека таа е можна и во услови на пандемија доколку се почитуваат пропишаните протоколи.

 

Апла: Во изминатиот период се намножија многу фестивали, но сите не нудат квалитет како „Битола отворед град“. Низ Ваша призма кои се карактериатиките што фестивалот го прават свој и незаменлив? 

С.Д. Меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град е традиционален меѓународен младински уметнички фестивал кој 19 години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола. Фестивалот е инспириран од потребата за нов пристап во промоцијата и презентирањето на културните, општествените и човечките вредности и трендови преку музика, размена на искуства, мислења и ставови, како и за креирање на нови партнерства и соработки. Фестивалот, истовремено е и генератор на динамична и позитивна енергија и мост помеѓу културите. Отворен е за сите алтернативни уметности во изведба или што се изработени од млади луѓе и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија кое умее да прерасне во креативна еуфорија.NASTAN 5

Апла: Како денес се сеќавате на почетоците и дали е точно дека истиот тим работи на фестивалот од првата година?

Во 2002 започнавме со организација на меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град“. Почетоците беа со огромен ентузијазам, но не бевме свесни дека ова ќе расте и трае низ годините. Во изминатите 18 изданија на фестивалот, организарани беа над 200 културни настани со учество на повеќе од 500 млади уметници од над 40 земји во светот. „Битола отворен град“ е еден од синонимите за препознавање на МКЦ - Битола и најпосетен културен урбан настан во градот. Да, тимот е од првиот ден ист. Според мене, тоа е можеби тајната состојка на неговото траење. Имаме иста визија, не води иста мисија, обединување и развој на креативните потенцијали на младите луѓе и поттик на граѓански активизам, нивно вмрежување, вклучување во активности што ги истакнуваат нивните потенцијали во областа на волонтерството, неформалното образование, граѓанските иницијативи и урбаната култура. NASTAN 2

Апла: Оваа година, условите за организација на Фестивалот поради здравствената криза која има светски размени ви ги промени плановите?

С.Д.:Единствено што не мачеше беше дилемата дали да има или да нема фестивал. Се разбира, здравјето на луѓето е најважно. Со носењето на протоколите од Владата, процеинвме дека имаме капацитет да го направиме настанот. Но, една причина ни беше главна. А тоа беше поддршка на македонската уметничка сцена во овој трансформативен момент за светот и поддршка на уметничката програма која ќе го ублажи ударот од кризата. Овој предизвик да го организираме фестивалот во состојба на пандемијa, само не активира да размислуваме надвор од кутијата, да најдеме нов, оригинален начин, а притоа да ги почитуваме пропишаните протоколи и мерки. Пандемијата е трансформативен момент за светот. NASTAN 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани