2win800x200

Бројот на дијабетичари во Битола се зголемува од месец во месец, што е причина битолското Здружение на дијабетичари да формира Електронски едукативен центар за дијабетес. Целта е на овој начин да му се помогне на населението пред се за превенција од болеста, но исто така и заболените да научат како да се однесуваат и полесно да се справуваат со тешеките последици од оваа болест.

Училишната спортска сала во ОУ „Ѓорѓи Сугрев“ во Битола днеска беше исполнета со  радост и среќа на децата со посебни потреби кои секој вторник и четврток  овде тренираат спортски активности. Покрај редовниот тренинг под надзор на нивниот тренер, Мико Голубовиќ, инаку кошаркар во  КК „Пелистер“,  20 деца денеска добија комплет спортска опрема, спортски реквизити и новогодишни пакетчиња. Донацијата заеднички ја обезбедија Синдикалната подружница на РЕК Битола, наш иселеник од САД и неколку приватни фирми.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани