2win800x200

Донација од Синдикатот на РЕК Битола, поединци и фирми за децата со посебни потреби кои тренираат во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“

Декември 25, 2018

Училишната спортска сала во ОУ „Ѓорѓи Сугрев“ во Битола днеска беше исполнета со  радост и среќа на децата со посебни потреби кои секој вторник и четврток  овде тренираат спортски активности. Покрај редовниот тренинг под надзор на нивниот тренер, Мико Голубовиќ, инаку кошаркар во  КК „Пелистер“,  20 деца денеска добија комплет спортска опрема, спортски реквизити и новогодишни пакетчиња. Донацијата заеднички ја обезбедија Синдикалната подружница на РЕК Битола, наш иселеник од САД и неколку приватни фирми.

-Идејата за  оваа хуманитарна акција произлезе од мој пријател, Тони Јошевски,  кој живее и работи во САД. Пред извесно време ми се јави и ме замоли да дојдам да видам во какви услови тренираат децата  со посебни потреби и со што може да  помогне. Стапив во контакт со Голубовиќ, разговаравме околу тоа какви потреби имаат децата и заклучивме  дека им недостига  спортска опрема-тренерки, дресови и патики, како и спортски реквизити,  кои ги набавивм  со помош на спонзори, а исто така обезбедивме  и новогодишна ќеса за секое дете. Главен донатор е Тони Јошевски од САД, потоа Синдикалната подружница на РЕК Битола,  продавницата за автоделови „Татар“ од Битола, продавницата за спортска опрема „Лукас“ од Битола, како и фабриката за спортска опрема од Прилеп.  Идејата беше да им помогнеме на овие деца, но и да ги поттикнеме другите поединци и фирми да се вклучат,  да донираат  и да помогнат на овие ранливи категории, рече  Менде Фидановски, претседател на Синдикалната подружница на РЕК Битола.

Спортските активности на децата со посебни потреби започнаа да се реализираат пред 2 години, по иницијатива на родителите. На почетокот тренинзите се одржувале само со неколку деца, а сега интересот постојано расте и  се поголем е бројот на родители кои во вторник и четврток редовно ги носат своите деца во училишната спортска сала. 

-Случајно се сретнавме со кошаркарот Мико Голубовиќ во 2016 година и му предложивме да ги тренира децата. Тој одма прифати, без размислување и ограничувања. Во 2018 година групата се прошири , односно се вклучија ученици од основните и средните училишта од посебните паралелки, а сега вкупно на овие тренинзи доаѓаат дваесетина  деца. Оваа година добивме поддршка од локалната самоуправа, доделени се средства со кои се плаќа тренерот, затоа што досега тој тренинзите ги одржуваше без паричен надомест. Исто така се прошири кругот на оние  кои што се заинтересираа за оваа наша иницијатива, се јавуваат и физички и правни лица кои што сакаат да донираат. На почетокот сами си купувавме спортски реквизити, а сега со поддршка на неколку фирми  сме веќе комплетирани. Се надеваме дека тоа ќе продолжи , рече Розинка Петровска, родител на дете со посебни потреби.

Голубовиќ вели дека со задоволство и со голема љубов работи со овие деца и среќен е што гледа голем напредок кај нив.

-Со задоволство ја прифатив поканата на родителите да работам со овие деца, започнавме со 5-6 деца, а  со текот на времето бројот на децата се зголемуваше. За мене ова е предизвик и добра воља да помогнам и овие деца да имаат активности. Како тренер многу сум задоволен од нивниот напредок. Ако се вратам назад на почетоците, можам да речам дека има големо подобрување кај нив. Со помош на спонзорите кои што ни  донираа реквизити и спортска опрема сега децата се комплетно подготвени за тренинзи, а се надевам дека во иднина ќе биде уште подобро, рече Мико Голубовиќ, тренер и кошаркар на „Пелистер“

Родителите велат дека  покрај спортскиот тренинг, од неодамна децата се приклучија и  во Културно уметничко друштво, така што сега се дружат и учат фолклор со играорците, исто така имаа годишен билет за спортски натпревари, неодамна добиле спонзорство и са кино проекции.

-Покрај редовните обврски на училиште, сега живото им е исполнет  и со други содржини.  Сето ова предизвикува огромни промени кај децата, тие се порасположени, смирени, животот е многу поинаков кога се спортува, кога се вклучени во други активности, вели Петровска

deca rek1

deca rek2

deca rek3

deca rek4

deca rek5

deca rek6

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани