2win800x200

Во рамки на прокетот „Смарт-кул-тур“ поддржан од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, а врши конекција на културните вредности меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, беа организирани работилници за музејски куратори и конзерватори со цел размена на практични знаења за ефикасна заштита и зачувување на културното наследство. Професионалци од двете држави разменуваа знаења за зачувување на мозаици и фрески како специфично поле на работа.


Работилници беа спроведени во конзерваторските лаборатории во НУ Завод и Музеј - Битола, археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис, црквата Св. Ѓорѓи, Курбиново и во црквата Св. Илија во Грнчари.

Вкупниот буџет на прокетот „Смрт –кул-тур“  изнесува 704 590 евра од кои 85 проценти од ЕУ, а останатите 15 проценти од Владата. Активноста од македонска стрна  опфаќа и адаптација и подобрување на Хераклеја со вкупен буџет од 132 илјади евра со што ќе се подобрат условите за посета , како и збогатување на туристичката понуда воопшто. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани