АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамки на прокетот „Смарт-кул-тур“ поддржан од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, а врши конекција на културните вредности меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, беа организирани работилници за музејски куратори и конзерватори со цел размена на практични знаења за ефикасна заштита и зачувување на културното наследство. Професионалци од двете држави разменуваа знаења за зачувување на мозаици и фрески како специфично поле на работа.
Работилници беа спроведени во конзерваторските лаборатории во НУ Завод и Музеј - Битола, археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис, црквата Св. Ѓорѓи, Курбиново и во црквата Св. Илија во Грнчари.
Вкупниот буџет на прокетот „Смрт –кул-тур“ изнесува 704 590 евра од кои 85 проценти од ЕУ, а останатите 15 проценти од Владата. Активноста од македонска стрна опфаќа и адаптација и подобрување на Хераклеја со вкупен буџет од 132 илјади евра со што ќе се подобрат условите за посета , како и збогатување на туристичката понуда воопшто.