АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Продолжува поларната зима во Битола. И понатаму дневената температура останува под нулата, иако во текот на денешниот ден бележи покачување за неколку степени. Попладнево во Битола температурата изнесуваше -2 степени Целзиусови, а во текот на ноќта исто така се очекуваат ниски температури под нулата.
Од утре метеоролозите најавуваат обилни снежни врнежи, кои ќе фомрмираат нова снежна покривка. Од ЈП „Нискоградба“-Битола велат дека се подготвени за новиот снежен бран и апелираат граѓаните кои живеат во тесните улици и ги оставаат своите автомобил на коловозите, доколку се во можност да ги отсранат за да може механизацијата на ова јавно претпријатие да го чисти снегот.
Снегот што непрекинато врне од синоќа во Битола, формира снежна покривка од околу 15 цм и донесе радост не само за децата, туку и за возрасните кои вечерва излегоа на прошетка по Широк Сокак. Ви пренесуваме дел од снежната убавина и амбиентот низ главната битолска улица
По врнежите на повисоките места, снегот вечерва пристигна и во Битола и веќе се формира снежна покривка