2win800x200

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Преку ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд на пониските места, од снег на планините, а во северните делови понекаде врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места.

Во ноќта кон вторник и во вторник претпладне  врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места.

Од утре ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен во вторник и кон крајот на работната недела и ова ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Извор:УХМР

Инспирирана од саат кулите во македонските градови, дизајнерката Ангела Христовска, креира уметничка динамична типографија (31 кирилична буква). На дизајнот претходеше анализа на темата односно истражување за постоењето на саат кулите, нивната функционалност, традиција и приказна која ја носат со себе.

Секоја буква го има во себе кругот како симбол на часовниците, времето, традицијата и културното наследство на македонските градови. Ова писмо го нарече ВРЕМЕ.

Како што се продлабочуваа приказните за саат кулите, се градеа логотипите за некои од македонските градови кои во срцето на својот метеж го чувствуваат отчукувањето на традицијата и историјата. Со користење на буквите од писмото „Време“ се развија логотипи за градовите Битола, Охрид, Прилеп, Крушево и Велес. Кружните типографски елементи се застапени во секоја буква од овој уметнички динамичен фонт, а композицијата со логотип на градовите пак е инспирирана од механизмот што го движи инструментот за покажување на времето. Механизмот е асоцијација на животот.

Овие логотипи се потсетување за „градовите“ да се грижат за своето културно наследство а за граѓаните да ги раскажуваат своите приказни, бидејќи само така можеме да ја градиме меморијата на времето кое миналo, само така можеме да ставиме ред во комплексниот универзум.

Логотипите и буквите имаат цел да дадат дополнителна промоција на македонските градови и знаменитости преку употреба на кирилични фонтови и типографски елементи и да потсетат на важоста на културното наследство споменувајќи ги градбите на саат кулите како иницијална точка за будење на свеста за зачувување и негување на кирилицата и културносто наследство. 

Логотипите и буквите Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ, Битола, ги ставаме на располагање на градовите (локалните самоуправи) и граѓаните кои можат бесплатно да ги користат.Проектот Урбана Кирилица го имплементира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола и се реализира со финансиска поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

 

Утре во текот на денот ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 км/час) и во поголем дел од земјава ќе се задржи многу топло време.
 
Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
 
Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
 
Извор: УХМР

Битола утрово, со -6 степени, по Берово беше најстуден град во државата. Метеоролозите и за следните денови најавуваат слично време, а темпетатурата во Битола итре ќе биде од -8 до 2 степена.

FB IMG 1640000903078

ВРЕМЕТО ДЕНЕС (20.12.2021 год.): Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж поширокото Повардарие повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени

ВРЕМЕТО УТРЕ (21.12): Сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Снежна покривка до 7 часот изутрина (во см): 45 Попова Шапка, Маврово, 17 Пожаране, 10 Крушево.
 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-7 Берово, -6, Битола, Скопје-Петровец, -5 Тетово,  Прилеп, Д.Капија, -4 Попова Шапка, Маврово, Крушево, Охрид, Претор, Штип, Струмица, -3 Виница, Скопје-З.Рид, -2 Куманово, 2 Кр.Паланка, 3 Гевгелија, 4 Дојран
 
Извор: УХМР
Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани