Утре во текот на денот ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 км/час) и во поголем дел од земјава ќе се задржи многу топло време.
Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Извор: УХМР