АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Променливо облачно и нестабилно време, со поројни врни и грмежи, слично на денешното, метеоролозите најавуваат и за утре.
Времтот денеска е облачно и свежо со врнежи од дожд, кои попладнево и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поинтензивни, а ќе дува умерен северен ветер, најавуваат од УХМР.
Времето денеска ќе биде сончево и топло, а температурата во Битола ќе достигне до 23 степени.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег, а забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Маврово-Дебар, Стража-Кичево и на планинскиот превој Пресека. Забраната на Ѓавато престана да важи од 12 часот и 30 минути.
Поради појава на магла видливоста е намалена до 100 метри на планинскиот премин Стража.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините , изнфомрираат од АМСМ.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП„ Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
-Дежурните екипи на ЈП„ Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, информираат од ЈП Македонија пат
Снежната пкривка утрово во 8 часот во Битола изнесуваше 16 цм, а температурата изнесуваше -4 степени.
Денеска ќе биде облачно и студено, со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во јужните делови. Попладне врнежите ќе ослабат насекаде. Температурата во интервал од -4 до 1 сепен.
И понатаму ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови се постудено време со повремен снег. Локални врнежи од снег ќе има и утре претежно во западните делови а краткотраен снег е можен и во ноќта од среда кон четврток, кога ќе има прекин на врнежите.
Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и -10 степени.
Од петок температурите релативно брзо ќе се покачуваат.