2win800x200

Времето утре стабилно и релативно топло со појава на магла

Декември 26, 2017
 
Времето утре ќе биде стабилно и релативно топло со појава на магла по одделни котлини. Минималната температура во Битола ќе биде -3, а максималната 8 степени.
 
Во четврток под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер.
 
Во петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на повисоките места во западните делови.
 
Во деновите од викендот како и за време на Новогодишната ноќ се очекува стабилно, суво, релативно студено и ветровито време.
FB IMG 1514317902984 1
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани