Преспа попладнево беше зафатена од големо невреме со врнежи од град. Уште не се знае какви штети предизвика врз овошките. Градот ги побеле улиците и овоштарниците. Преспа и Ресен еден час немаа струја.   

 368224772 131375453334171 6082616776624832909 n

За неполн час вчера биле употребени 49 ракети врз градоносните облаци во Пелагонија и 34 во Битолско-Демирхисарскиот регион, но, од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека поради високите параметри било невозможно да се спречи појавата на град. Сепак, со ова авионско засејување беше  намален интензитетот на овие обалци, што значи штетите предизвикани врз земјодлеските посеви можеа  да бидат уште поголеми без авионското засејување.

 

Битола вечерва е погодена од силно невреме проследено со пороен дожд и град со големина на орев. Силните врнежи повторно ги поплавија улиците и го отежнаа движењето на пешаците и сообраќајот. 

Силно невреме проследено со град,  ветар и грмежи, го зафати Потпелистерието.

Наши читатели јавуваат дека големо невреме имало и во Нижеполе кое траело половина час, а било проследено со дожд, а потоа и со град.

Во исто време дожд со грмежи имаше и во Битола
Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани