АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата денеска го објави протоколот за градинките во кој се пропишани критериумите за тоа како ќе се работи. Тој е составен од три дела кои се однесуваат на установата, на вработените и на родителите.
Центарот за јавно здравје прави епидемиолошки анкети со контактите на вработениот во детска градинка во Битола кој е позитивен на КОВИД-19. Никој нема да биде исклучен од изолација доколку имал контакт со заболениот, инфомрираат од ЦЈЗ за апла.мк.
Општината вложи над 820 000 денари во отворање на три занимални во три различни градинки при ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во Битола. Со занимални се подновија градинките „Колибри“ во населба Стрелиште, „Вангел Мајоро“ во Кланица и „Росица“ во Буковски Ливади.
За 16 проценти се зголемуваат платите на сите вработените во градинките, објави денеска на прес конференција СДСМ, а оваа одлука ќе се најде утре на дневен ред на седнцата на Советот на Општина Битола. Со ова, велат од СДСМ, после долги години ќе се покачат платата на вработените во градинките.
Градоначалничката Наташа Петровска и денес продолжи со увидот во реконструктивните зафати во битолските градинки, со цел да се видат реализираните проекти и активности, за кои се издвоени средства од буџетот на Општина Битола, но и за тоа како градинките ги трошат сопствените пари.
Директорката на ЈОУДГ „Мајски цвет“ Снежана Тодоровска информираше дека во изминатите неколку месеци извршени се голем број реконструктивни зафати во износ од 5.230.500 денари, од кои 2.910.500 денари се средства од Општина Битола, а биле наменети за набавка на мебел, реконструкција на санитарни чворови и набавка на паравани.