2win800x200

Со гласови на пратениците на владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Собранието денеска ја усвои потребата од носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, со европско знаменце, со кои се воведува финансирање на државни кампањи на телевизиите со пари од државниот буџет. „За“ гласаа 78 пратеници, а „против“ беа двајцата пратеници на Левица и немаше „воздржани“.

 

Според предложените законски измени, кои најверојатно брзо ќе поминат во Собранието, ќе има државни кампањи на државно и локално ниво. За кампањите на државно ниво со законските измени се предвидува да се трошат 0,1% од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на државниот буџет, додека за кампањите на локално ниво таа бројка изнесува 0,5% од даночните приходи на општините и Град Скопје.

 

Според податоците на Министерството за финансии за последната завршна сметка, даночните приходи во државниот буџет во 2022 година изнесувале 2,3 милијарди евра, па 0,1% е 2,3 милиони евра. На оваа сума ќе се надополнат пари од буџетите на општините и Град Скопје.

Собранието во 2017 година, на предлог на претходната влада на чело со премиерот Зоран Заев, со посебен член го укина владиното рекламирање во медиумите баш поради искуството што го остави претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ со корупцијата со јавни пари и поради контролата во уредувачката политика. Власта на Никола Груевски за владино рекламирање потроши 38 милиони евра од 2008 до 2015, при што главнината одеа за „Сител“ и „Канал 5“. И сега, најголем дел од парите за државни кампањи ќе одат кај телевизиите со национална концесија.

Во образложението на предложените законски измени, државните кампањи ќе се емитуваат „со цел на поголемо подигнување на јавната свест“.

Извор СДК.МК (https://sdk.mk/ )

Со агресивни кампањи за подигање на јавната свест на граѓаните за чиста животна средина, можеме да ја промениме сликата за Македонија која е се позгадена, вели Зоран Георгиев, претседателот на УО на АДКОМ, Здружение на сите јавни комунални претпријатија од државата. И најдобро опремено комунално прептријатие нема да може да постигне резултати, ако свеста кај граѓаните е на ниско ниво, смета Георгиев.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани