2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

АДКОМ: Потребни се поагресивни камапњи за подигање на јавната свест за чиста животна средина

Мај 23, 2018

Со агресивни кампањи за подигање на јавната свест на граѓаните за чиста животна средина, можеме да ја промениме сликата за Македонија која е се позгадена, вели Зоран Георгиев, претседателот на УО на АДКОМ, Здружение на сите јавни комунални претпријатија од државата. И најдобро опремено комунално прептријатие нема да може да постигне резултати, ако свеста кај граѓаните е на ниско ниво, смета Георгиев.

-Јас не сум приврзаник на репресивни мерки, повеќе сум за превентивни мерки. Можеби институциите треба да посветат поголемо внимание во кампањи за подигнување на јавната свест. Репресивните мерки треба да се спроведуваат кога загадувањето се прави намерно или пак станува збор за загадување од повисок степен. Но, сметам дека и кај граѓаните и кај правните субјекти треба да се работи повеќе на подигнување на јавната свест со агресивни кампањи кои ќе ги спроведуваат општините, јавните комунални претпријатија и надлежните министерства. Тоа е комбинација од мерки. Колку и да е добро јавното претпријатие, колку добро да функционира и и да е опремено, ако ние граѓаните не водиме доволно сметка, никогаш нема да имаме чиста животна средина. Дивите депонии се најголем проблем, истакна Георгиев

Тој вели дека постојат проблеми и во законската регулатива

-Работата на сите јавни комунални претпријатија е во директна врска со животот на граѓаните, почнувајќи од јавната чистота, снабдувањето со вода, па до третман на отпадните води итн. Проблеми има многу, особено во делот на некои законски регулативи кои што ние како АДКОМ имаме намера да ги актуелизираме, посебно што се однесува на јавната чистота и депониите. Македонија е се позагадена земја , иако сметам дека комуналните претпријатија си ја завршуваат работата до одредено ниво. За тие проблеми кои што се наметнуваат, ние како здружение нудиме предлози и ги доставуваме до владините институции и надлежните министерства, со цел да се изнајдат решенија за поквалитетен живот за граѓаните, изјави Георгиев.

Зеаедничките проблеми и изнаоѓање решенија за нивно надминување, беше тема и на денешниот состанок на УО на АДКОМ, Здружение во кое членуваат над 80 јавни комунални претпријатија од цела држава.

-Целта на средбата е да најдеме решенија и да ги надминеме проблемите со кои се соочуваме во процесот на работа на јавните комунални претпријатија, посебно со државните институции, изјави Горан Козаров, дирекор на ЈКП „Водовод“, претпријатие кое беше домаќин на оваа средба.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани