АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полицијата до обвинителството поднесе кривични пријави против две лица од Битола кои се сомничат дека за време на прославата за Илинден на Мечкин Камен, Крушево, скандирале пароли со говор на омраза.
Секторот за внатрешни работи Тетово и Секторот за внатрешни работи Битола поднесоа кривични пријави против три лица за случајот со оставеното бебе пред влезот од Домот за доенчиња во Битола на втори јули годинава. Пријавите се поднесени против малолетната мајка на бебето, нејзиниот невенчан сопруг и нејзиниот татко.
Поради основи на сомнение дека сторилa кривично дело „напуштање немоќно дете“ поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против 17-годишната мајка од Желино.
Битолската полиција поднесе кривични пријави против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“, Кире Крстевски, за сторени кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување “несовесно работење во службата” и “фалсификување или уништување на деловни книги”.
СВР- Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(52) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на средното училиште „Таки Даскало“ – Битола, во текот на учебната 2015/2016 година, и покрај тоа што од благајникот му било предочено, дека во пристигнатите фактури и списоци за превоз на ученици, бројот на ученици е поголем од реалниот број на ученици коишто го користат превозот, не ги вратил фактурите и списоците кај превозниците за корекција, и исплатил 105.789 денари, со што им овозможил имотна корист од 73.991 денари на „Џем Турист“ ДООЕЛ, 25.428 денари на Лука Експрес ДООЕЛ и 6.370 денари на Гопеш Транс ДООЕЛ.
СВР- Битола поднесе кривична пријава против Б.Р.Т (49) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од од 01.11.2011 до 30.10.2014 година, пријавената, како директор на основното училиште “Стив Наумов“ Битола и покрај тоа што договорот помеѓу “Стив Наумов“ и ДООЕЛ “Амсекјурити“ Скопје, за мониторинг надзор и 24 часовна мобилна интервентна патрола на објектот, бил со важност до 30.10.2011 година, му овозможила на ДООЕЛ „Амсекјурити“ Скопје да продолжи со давање на услугата до 30.10.2014 година, без да се поведе соодветна постапка за избор на најповолен понудувач, како и без да се потпише анекс на договорот, со што му овозможила на ДООЕЛ „Амсекјурити“ Скопје да се стекне со имотна корист од 108.000 денари.