2win800x200

Три кривични пријави поднесе полицијата против поранешниот директор на „Нискоградба“, Кире Крстевски

Април 25, 2018

Битолската полиција поднесе кривични пријави против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“, Кире Крстевски, за сторени кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување “несовесно работење во службата” и “фалсификување или уништување на деловни книги”.

 

Крстевски во својство на директор, ја искористил својата службена положба на начин што побарал од финансовата служба во деловните исправи-завршни сметки за 2013 и 2014 година да се внесат невистинити податоци за приходите на претпријатието,со цел да се прикаже добивка во работењето,по што со свој потпис и печат од ЈКП ги заверил како вистинити и истите ги употребил пред Советот на Општина Битола. Со тоа превел дејствија опишани во кривичните дела“злоупотреба на службена положба и овластување и  “фалсификување или уништување на деловни книги.

 

Пријавениот во периодот од 2013 до 2017 година одобрувал големи трошоци за репрезентација со што неоправдано се зголемувале расходите на претпријатието, а тоа крајно се одразувало на добивката на КЈП Нискоградба, за што полицијата го товари за кривичното дело “несовесно работење во службата” .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани