2win800x200

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 26 август 1944 година, на планината Кајмакчалан e убиена Естреја Овадија-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Родена била во Битола на 25 декември 1923 г. Основно и средно образование завршила во родниот град. Во 1938 г. заминала во Белград преку Еврејското хуманитарно друштво „Визо“. Од тој период станала член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ.

Во мај 1941 г. се вратила во Битола. Во 1942 г. станала член на КПЈ. Во април 1943 г. станала борец на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а набрзо потоа во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Кога била формирана Третата македонска народноослободителна ударна бригада на 26 февруари 1944 г. била поставена за политички комесар на чета.

Во август 1944 г. станала политички комесар на баталјон во Седмата македонска ударна бригада. 

Загинала во борба со бугарските војници од пограничната караула на Кајмакчелан. За народен херој на Југославија била прогласена на 11 октомври 1953 г.

Подготвил: Александар Литовски, историчар

На денешен ден, 22 август,  во 1944 г. во село Зборско, Мегленско, Егејскиот дел на Макекдонија, е формирана СЕДМАТА МАКЕДОНСКА (БИТОЛСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 19 август, во 1921 година во селото Раково, Леринско, Егејски дел на Македонија бил роден Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

На денешен ден, 17 јули во  2016 година во Скопје, починал Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 8 јули во1943 година во Битола е убиен Трајче МАГЛОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани