АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сојузот на спортови од Битола и годинава на Денот на ослободувањето на градот беше организатор на традиционалната ноќна атлетска трка, на која учество зедоа околу 1000 натпреварувачи. На најбрзите им беа доделени медали и плакети, а дел од нив ги додели и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
„Ме радува тоа што сум присутна на оваа најстара спортска манифестација, која веќе 60 години се одржува во Битола. Спортскиот дух мора да се јакне, а особено е важно што на оваа трка учествуваат ученици, средношколци, студенти и рекреативци од сите возрасти“, рече Петровска.