2win800x200

Шеесет години по ред битолчани трчаат на ноќната трка на Денот на ослободувањето на градот

Ноември 04, 2019

Сојузот на спортови од Битола и годинава на Денот на ослободувањето на градот беше организатор на традиционалната ноќна атлетска трка, на која учество зедоа околу 1000 натпреварувачи. На најбрзите им беа доделени медали и плакети, а дел од нив ги додели и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

„Ме радува тоа што сум присутна на оваа најстара спортска манифестација, која веќе 60 години се одржува во Битола. Спортскиот дух мора да се јакне, а особено е важно што на оваа трка учествуваат ученици, средношколци, студенти и рекреативци од сите возрасти“, рече Петровска.

nokna trka 3

 А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани