2win800x200

-Владата е сериозно посветена на железничкото поврзување на Коридорот 8, се работи на пругата од Куманово до Бељаковце, обезбедена е проектна документација и финансиски средства за делот од Бељаковце до Крива Паланка, а завршена е и проектната документација за пругата до граничниот премин со Република Бугарија, како и за 63 километри од Кичево до македонско -албанската граница. Во наредниот период планираме да бидат обезбедени над милијарда евра, средства кои ќе бидат искористени за подобрување на железничкиот систем во Република Македонија.

Централната власт има сериозни намери за поддршка на Општина Битола, рече градоначалничката Наташа Петровска по работната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Темите на нивниот разговор беа комуналната, патната и железничката инфраструктура  во Битола и пелагонискиот регион.

-Зборувавме за уредување  од областа на инфраструктурата, водовод и канализација, а ги засега месностите  Габалавци,  Секирани, Породин и особено Лавци каде што знаеме дека имаме инфраструктурни зафати, каде што како општина сме должни  да ги реализираме. Имаме изградени објекти каде граѓаните всушност  очекуваат ова да се реши. Ова покажува дека во иднина треба да гледаме со перспектива и задоволство на поддршката на централната власт , рече Петровска.

Добар дел од средствата коишто ги има Министерството за транспорт и врски од Европската инвестициона банка, кои и следуваат на општина Битола треба да се искористат, рече министерот Сугаревски, објаснувајќи  дека се работи за кредитна линија  која завршува на крајот на 2018 година.

-Рокот за апликации е до март месец, и дел од проектите градоначалничката ги има  доставено до министерството, очекуваме наредната недела да бидат доставени и нови проекти.  Еден милион и триста илјади евра и следуваат на Општина Битола, согласно кредитната линија. Очекуваме  тие средства да се искористат од Општината, а бенефитот да го видат граѓаните на Битола, рече Сугаревски.

Што се однесува до патната инфраструктура предвидено е изградба на експресен пат Прилеп-Битола- граничен  премин Меџитлија, рече Сугаревски додавајќи дека ќе се реконструира и  патот Битола-Меџитлија,  како и патни правци од Битола до Демир Хисар.

-Сериозни се плановите што ги има Јавното претпријатие  за  државни патишта  заедно со Министерството за транспорт и врски и Владата на Р.М, очекуваме да се направи градежен бум од март наредната година, најави Сугаревски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани