2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски: Патната и железничката инфраструктура се врвни приоритети на оваа Влада

Мај 28, 2018

-Владата е сериозно посветена на железничкото поврзување на Коридорот 8, се работи на пругата од Куманово до Бељаковце, обезбедена е проектна документација и финансиски средства за делот од Бељаковце до Крива Паланка, а завршена е и проектната документација за пругата до граничниот премин со Република Бугарија, како и за 63 километри од Кичево до македонско -албанската граница. Во наредниот период планираме да бидат обезбедени над милијарда евра, средства кои ќе бидат искористени за подобрување на железничкиот систем во Република Македонија.

Исто така, еден од врвните приоритети на оваа Влада е изградба на автопатишта и експресни патишта. Задоволен сум од динамиката што ја имавме во изминатиот период, а очекуваме така и да продолжиме.

Што се однесува на овој регион, покрај градежните активности на пругата Битола-Кременица, кои се во тек, во наредниот месец ќе биде распишан тендер за проектна документација, а врз база на тој проект да се распише тендер и за избор на изведувач за изградба на експресниот пат Прилеп-Битола, со тенденција да прерасне во автопатска делница. Што се однесува пак за патот од Битола до граничниот премин Меџитлија, веќе е влезен во програмата на ЈП за државни патишта и овој проект  ќе биде реализиран  во најбрз можен рок, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани