АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Целосно е реновирана службата за итна медицинска помош во битолскиот Здравствен дом, променети се сите инсталации, подовите, ѕидовите, санитарните јазли и просториите кои што лекарите и медицинските сестри ги користат како соби за прегледи, приемното одделение, потоа просторијата за домашана посета е направена во специјална просторија за едукација на младите лекари. Набавен е нова канцелариска опрема и медицински мебел, како и нов стоматолошки стол во Ургентната стоматолошка служба. Реновирањето е напраевно од сопствени средства.
Едно од ретките, а можеби и единствено оваа година Техничкото училиште во Битола реновира два кабинети со странска донација како и одводот и доводот во 8 училници. Санацијата се извршува со финансии од Општина Битола во висина од 171 000 денари и помал дел со сопствени средства.
При денешната посета на школото можеше да се види што се е заменето и во која состојба била инсталација, зарѓени цевки, дотраени инсталации, влага по ѕидовите. Но, она што се обновува и реновира особено новите кабинети ветуваат подобрување на состојбите.
ЈП „Пазари“-Битола, почна со реконструкција на скалите на надворешните пристапи во Новиот реонски пазар во Битола. Денеска старите, искршени или оштетени плочки на скалите се замануваат со нови и со тоа се реконстуираат сите пристапи со цел да се заштити и обнови комплексот, но и за поголема безбедност на граѓаните кои пазаруваат во овој пазар и во дуќаните.
Фирми, поединци и родители веќе се вклучија со донации, работа и поддршка за реновирање на средното Медицинско училиште во Битола, со цел обезбедување понормални услови за одржување на наставата. Откако јавноста ја виде вистинската слика во каква состојба е доведено училиштето после 12 години директорување на кадар на ВМРО-ДПМНЕ, јавните апели на новото раководство за помош за реновирање на школото вродија со плод.