2win800x200

Во Битола поради поларната зима, има зголемување во потрошувачката на водата од градскиот водовод. Граѓаните стравуваат од пукање на водоводните цевки, па ги оставаат чешмите да течат. Горан Козаров директор на ЈП „Водовод“ вели дека зголемувањето е од 30 до 50 литри во секунда што сепак е во границите на нормалата, а досега пријавени се само неколку проблеми од студеното време предизвикани кај водомерите.

Утре ќе преовладува сончево и студено време со мала до умерена облачност.
Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се
спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и до -18 степени.

Во 7 часот во Битола се измерени - 7 степени.

Студен бран од портокалова фаза денеска ја зафати целата држава. Утринските температури се движат од -17 до -6 степени, а дневните од -4 до 2 степена.

Во текот на ноќта, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од снег, кои до петок претпладне на некои пониски места ќе поминат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

За време на викендот се уште ќе има слаб локален дожд, но ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.

На патиштата утринава сообраќајот се одвива по влажни коловози, а наместа има остатоци од кашест снег. Поради ниските температури можна е појава на голомразица.

Од утре Македонија ќе биде под влијание  на многу студена и влажна воздушна маса, што ќе услови заладување и врнежи од снег во целава земја, а од вторник температурите ќе се спуштат и под -10 степени. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани