2win800x200

Пензионерите кои рекреативно играат фудбал, членови на Здружението на пензнионери- Битола, учестуваа на Меморијалниот турнир во фудбал „Валентин Стефановски 2023“ што деновиве се одржа во Демир Хисар. Таму се одигра ревијален натпревар помегу пензионерите од Здруженијата во Битола и Демир Хисар, на кој победија битолчаните. Со овој успех потврдија дека годините не се пречка за спорување дружење и победи. Турнирот се одржува традиционално секоја година.

„Дали си ти најдобрио битолски бељотџија“ е мотото под кое ќе се одржи првиот хуманитарен турнир во познатата битолска друштвена игра со карти бељот. Турнирот во организација на „Ротаракт клуб“- Битола ќе се одржи на 27 јуни годинава на пешачката патека покрај Драгор  со почеток во 10, 30 часот . Секое учество чини 300 денари. Организаторите велат дека сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели. Рокот на пријавување е до 22 јуни. Пријавување и дополнителни информации на телфонскиот број 078 826525

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани