АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученици од ОУ „Св. Климент Охридски“ и ОУ „Стив Наумов“ го исполнија денешниот фестивалскиот ден на ИФФК „Браќа Манаки“.
Денеска децата имаа можност да го погледнат филмот „Дива Вештерка“, а по проекцијата беше организирана детска работилница „Нацртај го својот омилен цртан јунак“.
Нова сценографија за гостите на црвениот тепих на 40 јубилејно издание на ИФФК „Браќа Манаки“- Битола. Вечерва гостите на свечената церемонија ќе имаат можност да поминат низ посебна комора со холограми поставена пред Центарот за култура во Битола. Организаторите велат дека се е подготвено за свеченото отворање на фестивалот.
На отворањето ќе има перформанс кој го подготвува режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој вели дека „се работи за своевидно синематично доживување во кое и публиката е вклучена како актер, како еден фрејм од ‘филмот’“.
Перформансот го работат со Искра Шукарова и режисерот Јохан Мелин од Шведска. Сценографијата е на Марија Ветероска и Влатко Чачоровски, костимите на Марија Папуческа, а музиката е ремикс на музиката е ремикс на Илија Цветковски од тема од „Среќна нова ’49“ на Љупчо Константинов. Во перформансот (покрај публиката) учествуваат студенти на Факултетот за музичка уметност (катедра за балетска педагогија) и Стефанија Милев.
На само еден месец до почетокот, кое ќе се одржи од 22 до 29 септември во Битола, подготовките влегуваат во својата завршница.
И на овој фестивал публиката може да очекува исклучително квалитетна филмска програма и големи имиња на светската кинематографија, кои ќе бидат гости во Битола.
Годинава зголемен е бројот на програми во вкупен број од 14 и проширен е кругот на селектори кои ги обликуваат програмите: со Гена Теодосиевска, годинава во изборот на документарната програма соработуваше и Марија Џиџева; режисерите Даријан Пејовски и Марија Апчевска се селектори на кратките филмови кои се натпреваруваат за Малата златна камера 300, како и филмскиот критичар Слаѓан Пенев, кој ги селектираше филмовите во програмата „Перспективи на европскиот филм“.
Новина е програмата „Филмски класици – Полноќен јавач“, која вклучува филмови од светската филмска антологија, за кои помладата генерација има можеби само слушнато или прочитано. Селектор на програмата е италијанскиот режисер, кој живее во Битола, Микеле де Анѓелис, а која за публиката ќе понуди четири филма од хорор-жанрот во полноќните фестивалски часови.
„Во главната програма пак, се вклучени најновите филмски продукции на големите мајстори на филмската фотографија, што ја фасцинираа публиката и критиката, во селекција на Благоја Куновски – Доре.
Оваа година, особен акцент и фокус ќе биде ставен на студентската програма, која ја промовиравме последниве две години. Студентите веќе не служат само како декор на фестивалот, тие се активни учесници и имаат свое место во фестивалската програма. Годинава ќе имаме студенти од 15 филмски академии, најмногу до сега од почетокот на основањето на фестивалот, а тие доаѓаат со свои филмови, по чии проекции ќе има дискусии и разговори. За студентите подготвуваме и средби со филмските автори, кои со нив ќе ги споделат своите искуства. Оваа програма, на која инсистирав по моето назначување за уметнички директор пред две години, ја координира и ја развива Ѓорѓи Пулевски “, вели Гена Теодосиевска, директорката на Фестивалот.
И оваа година ќе биде изработен фестивалскиот промотивен видео спот, под режисерската палка на Вардан Тозија, а во соработка со комуникацискиот партнер на ИФФК „Браќа Манаки“ – агенцијата „Меккен“ и со „Vertigo Visual“.
Повеќе информации како името на ѕвездата на Фестивалот, добитниците на другите престижни награди и се разбира, филмските наслови ќе бидат објавени наскоро.