2win800x200

Низ комора со холограми ќе поминуваат гостите на црвениот тепих на јубилејното издание на „Браќа Манаки“

Септември 14, 2019

Нова сценографија за гостите на црвениот тепих на 40 јубилејно издание на  ИФФК „Браќа Манаки“- Битола. Вечерва гостите на свечената церемонија  ќе имаат можност да поминат низ посебна комора со  холограми  поставена пред Центарот за култура во Битола. Организаторите велат дека се е подготвено  за свеченото отворање на фестивалот.

На отворањето ќе има перформанс кој го подготвува режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој вели дека „се работи за своевидно синематично доживување во кое и публиката е вклучена како актер, како еден фрејм од ‘филмот’“.
Перформансот го работат со Искра Шукарова и режисерот Јохан Мелин од Шведска. Сценографијата е на Марија Ветероска и Влатко Чачоровски, костимите на Марија Папуческа, а музиката е ремикс на музиката е ремикс на Илија Цветковски од тема од „Среќна нова ’49“ на Љупчо Константинов. Во перформансот (покрај публиката) учествуваат студенти на Факултетот за музичка уметност (катедра за балетска педагогија) и Стефанија Милев.

налов 1

налов 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани