Анета Блажевска

Анета Блажевска

ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола демантира дека тројца советници утре немало да гласаат на седницата на Совет. Соопштението ви го пренесуваме интегрално. - Довербата на граѓаните, иднината на градот и неговото функционирање не можат да се водат со популизам, политиканство и исклучиво лични суетни пресметки. 

 
Иднината се обезбедува со решителни чекори и безрезервна одлучност, визија и храброст.
Најважно, во клучните моменти да се носат вистинските, некогаш и непопуларни одлуки. 
 
Категорично ги демантираме лажните наводи дека тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата контактирале било кого со најава дека нема да присуствуваат или гласаат на утрешната седница.
 
Наводите дека „тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ најавиле недоаѓање или негласање“ се целосна лага и груба манипулација со јавноста.
Денес, на Комисијата за финансии, присуствуваа СИТЕ советници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата факт што јасно ги побива измислените приказни.
 
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапува единствено институционално, транспарентно и одговорно. Одлуките се носат по анализа, со јасни аргументи и во интерес на граѓаните, а не преку заткулисни договори, уцени и сценарија за напуштање на седници.
 
Обидите за префрлање вина и етикетирање со флоскули не можат да ја сокријат суштината:
јавните претпријатија со години работат со нереални цени, без корекција од 1994 година, а одговорното управување подразбира решенија, а не политички театар.
 
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволат манипулации со јавноста и ќе продолжат да носат одлуки со цел стабилни јавни претпријатија и подобри услуги за граѓаните. 
Нашето сојузништво продолжува.

Нова депонија кај Светонеделските гробишта во Битола, „Комуналец“ ја исчисти, ама до кога? За нецели три месеци повторно е направена нов дива депонија покрај старите Светонеделски гробишта во Битола. ЈП „Комуналец“ Битола ја исчисти и натовари камиони со отпад, со погребални венци до стар мебел...

622208837 1665323344451057 5756356423389964867 n

2

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА СО ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ НА ГЛАСАЊЕ

 
Советот на Општина Битола утре ќе ја одржи 5-та редовна седница на која како што беше најавено ќе започне примената на електронскиот систем на гласање и на пленарните седници. Со ова како што вели претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, Советот на Општина Битола е прв пример со електронско гласање од општините во Македонија.
 
„Системот за електронско гласање е целосно изработен од вработените во ИТ одделението на Општина Битола, без ангажман на надворешни фирми и со 0 денари дополнителен трошок, односно нема никакви финансиски импликации кон буџетот на Општина Битола. Ова е уште еден чекор кон модерна, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во интерес на граѓаните на Битола“ вели Бојкоски.
 
Советниците седницата ќе ја започнат со расправата по точката, односно одлуката за формирање на комисија за селекција на кандидати кои пројавиле интерес за членови во управните одбори и надзорните одбори за материјално - финансиско работење во јавните претпријатија основани од Општина Битола.
На дневен ред ќе се најде и одлуката за прифаќање и давање на трајно користење на движна ствар-патничко моторно возило за потребите на ЈОУ Зоолошка градина Битола, како и други одлуки во делот на надлежностите на Советот.
Со поплочување на тротоарите продолжува изградбата на новата улица СРУ 5 во некогашната касарна.
Денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со претставници од администрацијата одговорни за овој проект.
Градоначалникот беше информиран дека со оформувањето на тротоарите од двете страни на улицата кои се по 2,5 метри ширина, влегува во завршна фаза изградбата на оваа улица.
Поставени се и коловозни рабници, но се чекаат погодни временски услови потребни да се исуши подлогата, а потоа да се асфалтира.
Беше кажано дека пред асфалтирањето ќе следува и средување на околината по должината на улицата, зазеленување и хортикултурно уредување.
Taa има комплетната комунална инфраструктура ( атмосферска и фекална канализација и водоводна инсталација), а ќе добие и улично осветлување.
Се работи за новата улица која ги спојува улиците Партизанска“ со „Крушевска Република“.
Вкупната сума изнесува над 9 милиони денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани