Анета Блажевска

Анета Блажевска

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ ВО УПРАВНИ И НАДЗОРНИ ОДБОРИ ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

 
Општина Битола ги објавува јавните повици за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен и Надзорен одбор за материјално-финансиското работење на КЈП „НИСКОГРАДБА“ Битола, ЈП „ЈППЈЛП“ Битола, ЈП “ЗУППУ” Битола, ЈП СИЗ„ЖАБЕНИ” Битола, ЈП „ПАЗАРИ” Битола, ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ Битола и ЈКП „ВОДОВОД” Битола.
 
Предмет на јавниот повик за секое од претпријатијата е спроведување на постапка за избор на седум члена во управниот и три члена во надзорниот одбор.
 
Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес на кандидати.
 
Право на учество имаат сите лица кои ќе изразат интерес за пријавување и кои ги исполнуваат условите предвидени во јавниот повик.
 
Јавниот повик е објавен денес 26 јануари 2026 година и треа пет ( 5 ) дена, односно најдоцна до 30 јануари 2026 година.
 
Повеќе информации на следните линкови:
 
 
 
 
 
 
 

Поради најавата на транспортните превозници за блокада денеска во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. 

Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија дека ќе почнат седумдневна блокада на граничните премини што одат кон шенген-зоната. Се бара решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

 

-Протестот во сите четири држави ќа почне во 12:00 часот за сите возила што излегуваат од државата, а за сите возила што ќе влегуваат во државата граничните премини се затвораат во 00:00 часот со цел сите што се враќаат дома да може да влезат и да му се приклучат на протестот. Главното барање на превозниците е да се најде решение за престојот на возачите во шенген-зоната да не се евидентираат денови или да ни издаваат некој вид визи што не се лимитирани со број на денови, изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија, „Макам-транс“.

Муратовска укажува дека новите правила ќе значат целосен колапс на економијата во државата, односно во целиот регион на Западен Балкан, вклучуваќи ја и Турција (држави што не се членки на ЕУ и на шенген-зоната), поради прекин на синџирот на снабдување. Транспортната индустрија, пак, посочува, во која има вложен огромен капитал и обезбедува прилив на ефективни странски пари во буџетот, ќе биде целосно разнишана.  

Максимално траење на блокадите ќе биде седум дена, што, посочува таа, е синоним за еден просечен циклус на превоз на стока.

Синоќа…еден од најхаризматичните уметници на овие простори, Раде Шербеџија, заедно со својот бенд Западни колодвор, дојде во Битола на концерт кој донесе вечер на силни емоции, поезија, музика и сеќавања. 

 FB IMG 1769377992265
Раде Шербеџија со децении гради единствен уметнички свет во кој театарот, филмот,
поезијата и музиката природно се преплетуваат. Неговите концерти не се само музички настапи, тие се интимни средби со публиката, приказни за љубовта, загубата, слободата, носталгијата и човечката судбина, раскажани со глас што носи искуство и вистина. FB IMG 1769377974038
Раде Шербеџија ја воодушеви битолската публика со концерт кој го надмина класичниот музички настап. 
 FB IMG 1769378035727
Ќе биде концерт запаметен по песните и стиховите кои зборуваа тивко,
но погодуваа длабоко…за љубовта, минливоста, сеќавањето и слободата. Неговиот препознатлив глас и ненаметлива сценска присутност создадоа интимна атмосфера во која публиката стана дел од приказната. FB IMG 1769377976396
 
Специјални гости на вечерта беа CODE 369
 
 
фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа

 
На 25.01.2026 година, СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик. 
 
На 11.11.2025 година, 72-годишна жителка на с. Буково била телефонски измамена од лице кое се претставило како полициски инспектор и лажно ја информирало дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување, оштетената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на договорена локација во Битола. 
Откако утврдила дека настанот не е вистинит, случајот бил пријавен во полиција. 
 
На 24.01.2026 година, осомничениот бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан и во целост го признал делото.

СКИ ТЕРЕНИТЕ НА КОПАНКИ СВЕТНАА, А КОЊАНОВСКИ КАЖА ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА И ПАТОТ КОЈ ВОДИ ДОТАМУ 

 
Ведро и студено, но осветлено и топло со планински чај.
 
Има снег, но не доволно за скијање, а во наредните денови се очекуваат врнежи од снег, вака директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков го пречека на осветлената патека за скијање, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
 
Коњановски пак го информираше директорот на ЕСМ Молика, дека Општина Битола е пред реализација на пречистителната станица која со години се одолговлекувала.
 
„Има ревизија на основниот проект и продолжуваме во насока да ја изградиме под вашиот хотел, која ќе ги собира и прочистува сите отпадни води“ рече Коњановски.
 
Кажа и дека патот кој води дотука, во претходниот мандат делницата е направена до Трново, се продолжува на потегот Трново-Магарево и до влезот на Националниот парк „Пелистер“.
 
Исков искажа голема благодарност до локалната самоуправа која што ги водеше низ процесите за вадење дозволи за изградба на планинарскиот дом „Копанки“ и за останатите проекти кои се од витално значење за развој на туризмот во потпелистерието.

Книжевниот клуб УТОПИЈА со вечер посветена на творештвото на Драги Михајловски

 
„Јазикот што останува“
Сеќавања на Јана Михајловска за нејзиниот татко Драги Михајловски
 
Книжевниот клуб Утопија вечерва, 24 јануари, организира специјална книжевна средба посветена на животот и делото на Драги Михајловски – еден од најзначајните македонски писатели и преведувачи, автор чиј придонес кон македонскиот јазик и книжевност има трајна, трајна вредност.
 
Оваа вечер не е комеморација, туку жива средба со едно дело што продолжува да зборува. Разговор за јазикот како одговорност, за преводот како авторски чин и за книжевноста како тивка, но длабока работа што остава трага далеку подолго од моментот во кој е создадена.
 
Во фокусот на вечерта ќе бидат преводите на Шекспир на Михајловски – капитални, дисциплинирани и стилски бескомпромисни – како основа за поширока дискусија за неговиот начин на творење, јазичната етика и авторската одговорност.
 
Гостинка на вечерта е Јана Михајловска – доктор на филолошки науки, претседател на Библиотекарското здружение на Македонија и долгогодишен професионалец во областа на културата, библиотекарството и јазикот.
Низ нејзините лични и професионални сеќавања, публиката ќе добие редок увид во процесот на создавање, односот на Михајловски кон зборот и преводот, но и во неговата човечка страна – тивка, принципиелна и доследна.
 
 
Специјални гостинки на вечерта
 
На настанот ќе се вклучат и две битолчанки кои лично го познаваа Драги Михајловски и соработуваа со него во различни професионални и културни контексти:
• Јелена Петровска – магистер по библиотекарство, познат библиотекар и советник, со долгогодишно искуство во меѓународни културни и едукативни проекти. Нејзиниот придонес ќе ја отвори темата за улогата на библиотеките, културната меморија и преводот како живо наследство.
 
• Лилјана Спировска –активна учесничка во културни проекти поврзани со Шекспир, таа беше меѓу оние што го донесоа Драги Михајловски во Битола, работејќи со него на книжевни и културни иницијативи и сведочејќи одблизу за неговиот однос кон Шекспир, преводот и јазикот.
 
 
Концепт на вечерта
 
Настанот е замислен како разговорна книжевна средба со читања и дискусија, посветена на:
• односот меѓу автор и преведувач
• преводот како креативен и етички процес
• местото на Михајловски во современата македонска книжевност
• улогата на личната, семејната и културната меморија во зачувувањето на едно дело
 
Оваа вечер е наменета за читатели, преведувачи, студенти по филологија, библиотекари и културни работници – но и за сите што веруваат дека јазикот не е алатка, туку одговорност.
 
Локација: Книжевен клуб Утопија
Датум: 24 јануари 2026
Почеток: 19:00
Влез: слободен

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани