
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до 10 јануари, до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Под вода е цел атар на село Меџитлија, битолско! Граешка река и помали канали се излеаја и направи голема штета на земјоделските имоти на жителите. Состојбата е тешка, велат мештаните од Меџитлија за Апла.мк, се што имаа посадено во есенската сеидба го однесе водата. Фото А.Б за АПЛА.мк
Црна Река надојде и се заканува да го поплави селото Бучин. На терен вечерва се екипи на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. На лице место е и градоначалникот на Крушево Нико Чонески, командирот на Полициската станица Крушево и помошникот началник на СВР Битола. Ситуација е критична, се преземаат мерки за надминување на состојбата.
и фото Анета Блажевска
По вчерашните поплави на улиците, меѓите и дворовите во битолското село Кравари, ситуацијата денеска се нормализира, водата се повлече. Со механизација до доцна во ноќта и денеска интервенираа јавните претпријатија од Битола.
Улицата "Крушевска Република" во Битола е проодна! По излевањето на реката Курделес, со брза и навремена интервенција, состојбата е ставена под контрола, соопшти вечерва Бојан Бојкоски претседател на Советот на Општина Битола. .


