
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска во Потпелистерското село Цапари се одржува карневалот на Бабарите во очи на православниот христијански празник Василица. На карневалот продефилираа бројни маски, учесниците одеа од куќа на куќа изведуваа игри и правеа шеги во врска со празникот. Во едан од сцените е и симулација на секс. Но, околу маскираните лица на сцената има и малолетни деца кои љубопитно ги гледат сцените, игрите, танците..
Фото Анета Блажевска за АПЛА

Забрането е преземање на фотографии и текстови без активен линк
Хуманиот гест од страна на физиотерапевтите од Битола продолжува и оваа година. Познатите физиотерапевти Илија Жежов, Филип Кипровски и Симона Велјановска и годинава ќе обезбедуваат бесплатна физикална терапија за лицата сместени во Домот „Сју Рајдер“ во Битола.
Како што истакнуваат тројцата физиотерапевти, нивната цел е да им помогнат на корисниците на домот и да придонесат кон подобрување на нивната здравствена состојба и квалитетот на секојдневното функционирање.
Тие изразија голема благодарност за соработката и довербата, упатувајќи благодарност до поранешната директорка на домот и сегашна заменик-градоначалничка на Општина Битола, Марина Крстиќ, како и до актуелната директорка на Домот „Сју Рајдер“, Татјана Галовска.
„Раката што дава никогаш не се суши“, порачуваат Илија Жежов, Филип Кипровски и Симона Велјановска, потенцирајќи дека хуманоста и солидарноста треба да бидат дел од секојдневието.
Илија Жежов и Филип Кипровски и во минатото често реализирале вакви хуманитарни активности, а од оваа година во оваа благородна иницијатива активно се вклучува и нивната колешка Симона Велјановска.
Снежна идила на Пелистер! Снегот трупа! Патеките околу ,,Бегова Чешма" се безбедни за пешачење со соодветна зимска опрема! "На околу 1600 метри надморска височина формирана е снежна покривка од дваесеттина сантиметри. Патеките на оваа надморска височина, околу локалитетот ,,Бегова" се безбедни за пешачење со соодветна зимска опрема. Утрешниот ден убаво би било битолчани да го искористат за посета на Националниот парк Пелистер, изјави за АПЛА, Иванчо Тошевски, директор на НП Пелистер Битола. Видео Иванчо Тошевски за АПЛА.мк .https://www.facebook.com/share/v/17wGQ47s6B/
СВР Битола информира - На 09.01.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп, Г.П.(50) од с.Кравари ,битолско пријави дека на крстосница од ул.„Тризла“ со ул.„Горан Миноски“ во Прилеп поради недоразбирање во сообраќајот, тој и неговиот син А.П.(19) биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Управата за хидрометеоролошки работи попладнево издаде вонредно соопштение за состојбата со водостоите во државата, предупредувајќи дека во текот на 9 и 10 јануари постои сериозна можност за нагло покачување на нивото на реките и нивно излевање од коритата. Според најновата хидролошка карта, речиси целата територија на Македонија се наоѓа во таканаречена „жолта фаза“, која означува потенцијално опасна состојба. Во оваа зона се вклучени сливот на реката Вардар и поголемиот дел од западниот, источниот и централниот дел на земјата. Единствено југоисточниот регион, односно подрачјето околу сливот на Струмица и Дојран, засега останува во зелена зона, што значи дека таму нема индикации за опасност.
Од УХМР апелираат граѓаните да бидат особено внимателни, особено оние кои живеат или се движат во близина на реки, потоци и суводолници. Се препорачува избегнување на непотребни движења покрај водотеците и внимателно следење на состојбата на терен.
Предупредувањето доаѓа во период на нестабилни временски услови, кои можат брзо да предизвикаат промени во водостоите. Надлежните институции најавуваат дека ќе ја следат состојбата и во наредните денови, а граѓаните се повикуваат редовно да ги следат официјалните информации и навреме да ги почитуваат препораките.
Повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините ќе има утре претпладне, кога ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час. Попладнето врнежите насекаде ќе бидат само од снег.
-Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 см, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе се задржат под нулата.
Во Скопје утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер.
