АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
38 годишен битолчанец рано утрово околу 4 часот со џип нисан удрил во кружниот тек кај Педагошкиот факултет во Битола. При ударот оштетил дел од ѕидот и урнал една од канделабрите, а филџанот кој е обележје на кружниот тек остана неоштетен.
Портпаролката на СВР Сања Стаматова за Апла.мк изјави дека возачот во сообраќајката поминал со лесни телесни повреди.
„Околу четири часот утрово лице родено 1980 година со џип нисан удрил во канделабра на кружниот тек кај Педагошкиот факултет, а при ударот се здобил со лесни телесни повреди“, рече Стаматова.
Фото: Апла.мк