2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ДПМНЕ сака да ги смени директорите на училиштата и градинките со валиден мандат по секоја цена!

Март 03, 2022
ОО на СДСМ Битола со соопштение
Деновиве е се поизразен притисокот од ДПМНЕ врз директорите на основните и средните училишта, како и на градинките во Битола по секоја цена да си дадат оставки како би можеле да бидат назначени в.д. директори од владеачката партија на локално ливо.
Најголемиот акцент е ставен врз притисокот кој се врши преку училишните и управните одбори во кои веќе се назначени нови членови од страна на општината. Притисоци се прават и во самите установи при изборот на членови во училишните и управните одбори од редот на вработените каде истите мора да се членови на ДПМНЕ. Во притисоците не се бираат средства и методи почнувајќи од фалсификувани пријави, исчезнување на документи кои се архивирано доставени до општината, притисок на членови со важечки мандат во одборите предвреме да си дадат оставки, закани за бркање од работа на лица од потесното семејство на директорите и секаков друг вид на опструкции карактеристични за ДПМНЕ, со што свесно се кршат сите закони.
Во брзањето смените да се направат сега и веднаш, заслепени од злоба и реваншизам, ДПМНЕ ги кршат сите можни закони и деловници за работа што, исто така, беше позната пракса во долгогодишното нивно владеење на централно и локално ниво.
Единствениот начин за смена на актуелените директори кои имаат сеуште важечки мандат е со нивно разрешување од страна на училишните и управните одбори за што се бараат најбанални, неосновани и смешни причини после што градоначалниот ќе може слободно да назначи партиски в.д. директори кои освен партиска книшка од ДПМНЕ ќе мора да ги исполнуваат и законските критериуми. Притоа, не се гледа воопшто на успехот што во своето работење го покажале сегашните директори кои се јасно видливи и мерливи, кои во училиштата вложиле толку многу и ги подобриле условите за работа на највисоко ниво, а инфраструктурно ги реновирале до непрепознатливост во однос на тоа како ги затекнале на почетотокот на мандатот.
Целта е јасна - смена на сите директори по секоја цена при што не се бираат средства да се исполни партиската директива од “Белата палата”. Јасно е дека после ова ќе следат голем број тужби кон училишните и управните одбори за неоснованото разрешување на постоечките директори кои ќе завршат со судски разрешници и големи финасиски обештетувања на сега актуелните директори. Веќе се поднесени преставки до највисоките државни институции кои се надлежни за работата на училишните и управните одбори и сите креатори и реализатори на овие брутални дејствија многу лесно може да се соочат со одговорноста за своите постапки.
Градоначалниот на Општина Битола, Тони Коњановски на првиот ден од неговото назначување тврдеше дека ќе се бори за намалување на тензиите и нетрпеливоста помеѓу двете најголеми партии и дека ќе работи на помирување во интерес на граѓаните на Битола, но се поочигледно е дека тоа негово тврдење беше само празно ветување. И тој е соучесник во оваа хајка што се случува против директорите на училиштата и градинките во Битола, за што доказ се неговите повици до актуелните директори за договорно поднесување оставки.
Го повикуваме градоначалникот Тони Коњановски да каже зошто ги излажа битолчани уште во првото свое обраќање до нив откако беше избран на функцијата. Или ќе одговори исто како што (не)одговори на сите конкретни прашања кои му беа поставени од говорницата на Советот на Општина Битола на осмата седмица.
Градоначалниче Коњановски, за нешто повеќе од 100 дена успеавте да ја вратите општината 4 години назад, во времето на најцрните денови од владеењето на ДПМНЕ - партизирани образовни установи и градинки од кои граѓаните не видоа ништо добро, а во кои се продуцираа скандали, финансиски загуби, уништување ...за што беа поведени и судски процеси. Периодот кој следи ќе биде најдобар сведок и потврда за ова твртдење, а граѓаните ќе имаат можност да ги стават на кантар искреноста и лицемерието на ДПМНЕ пред сите следни избори.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани