АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Драган Крајовски е новиот лидер на ОО на СДСМ Битола и доаѓа на местото на Златко Ќурчиевски. Крајовски е правник по професија, адвокат, а последните три години актуелен директор на Затворот „Црн мост“ во Битола. Крајовски во својата партиска кариера беше и лидер на младината на СДСМ во Битола и член на Централниот одбор на СДСМ.
Крајовски и самиот ја потврди веста за Апла.мк дека во наредните 4 години ќе ја води ОО на СДСМ Битола.
Во трката за нов локален лидер на СДСМ Битола беа пријавени десеттина заинтересирани членови на партијата, но изборот на централата во Скопје падна за Крајовски, како сериозен потврден партиски кадар.