2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На последниот попис во општина Битола има 10.000 жители помалку од претходниот во 2002

Март 30, 2022

Во Општина Битола живеат вкупно 85 164 жители, а има 30 154 домаќинства и 43 724 станови. Со овие  бројки Битола не е веќе втора по големина општина во државата, а на нејзинот место доаѓа Куманово со 98 104 илјади жители. На трето место е Тетово  со 84 770. Дури после овие три Општини, доаѓаат скопските, каде најголема е Аеродром со 77 775 жители. Прилеп има 69 025 жители, а Охрид 51 428.

На претходниот попис во Битола и битолските села имаше 95 385 жители, а сега вкупно градот со селата имаат 10 илјади жители помлку од претходниот попис, односно 85.164

Инаку, вкупното резидентно население во Македонија, на 5 септември 2021 година изнесуваше 1 836 713  жители. Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи.

Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % - се во возрасната група од 40-44 години.

Куриозитет е што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.

Според изјаснувањето за етничка припадност, 58.44 % проценти од населението се изјасниле како Македонци, 24.30 % проценти како Албанци, 3.86 % како Турци, 2.53 % како Роми, 0.47 % како Власи, 1.30 % како Срби и 0.87 % како Бошњаци и др.

Според религиската припадност 46.14 % се изјасниле како православни, 32.17 % како муслимани (ислам), 0.37 % како католици, а во овој Попис се појавија и други религиски заедници кои ги немаше во претходните пописи, а тоа се: евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други.

61.38 % од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24.34 % албански мајчин јазик,

3.41 % турски, 1.73 % ромски, 0.17 %, влашки, 0.61 % српски и 0.85 % босански јазик.

Бројот на домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3.06.

Во рамките на Пописот 2021 беше овозможено македонските државјани кои живеат и престојуваат во странство  повеќе од една година да се самопопишат преку веб-апликација која беше достапна на веб-страницата за Попис.

Оваа можност ја искористија 258 932 наши сонародници од кои 24.55 % се изјаснија како Македонци, 66.42 % како  Албанци, 4.78 % како Турци и др. Оваа категорија граѓани не влегува во вкупното резидентно население на Република Северна Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани