2win800x200

Скопска Апелација најавува пресуда за случајот „Транспортер“ и Владимир Талески

Март 31, 2022
фото интернет фото интернет

Скопскиот апелационен суд најавува скорешна пресуда за случајот „Транспортер“ со бесплатниот школски превоз во Битола, во кој на 8 години затвор е осуден екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Цели две години, од 31 март 2020 година, Талески е во куќен притвор во семејниот стан во Битола, чека пресуда и за цело време прима плата од Битолскиот народен театар каде е вработен како глумец. Всушност, корона кризата го одложи спроведувањето во Шутка на екс градоначалникот на Битола Талески, иако праксата е за повисоките казни од пет години осудените да бидат притворени во затворските установи, а не дома.

о изјава за „Независен“, судијата Татјана Дуковска, одговорна за прашања во врска со предмети од кривичниот отсек вели дека се постапува по предметот и ќе се одлучи набрзо.

„Се работи на предметот, судот постапува, иако не можам да дадам точна временска рамка кога ќе биде, сепак би требало за скоро да се одлучи. Ова е обемен предмет со многу обвинети. Значи постапката е во тек, ќе биде, ќе се одлучи“, вели Дуковска за „Независен“. Повеќе на https://nezavisen.mk/skopska-apelacija-najavuva-presuda-za-sluchajot-transporter-i-vladimir-taleski/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани