Премиерот на Република Бугарија Кирил Петков во придружба на уште еден висок преставник од бугарската Влада оваа сабота, на 16 април, ќе ја посети Битола.
Од Владата на Република Македонија потврдија дека премиерот Петков и потпретседателката на Република Бугарија, доаѓаат во Северна Македонија на сопствена инцијатива. Ќе промовираат проекти, делумно финансирани од бугарската држава.
Oд Бугарската амбасада во земјава досега не добивме одговор за тоа каква агенда ќе има Петков во Битола.








