АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За првпат сите средни училишта во Битола имаа можност да ги претстават своите капацитети на Саемот за средни училишта што се одржа на плоштадот Магнолија. На саемот седумте средни училишта на свои штандови се претставија со наставните програми, кадар, достигнувања на ученици, изработки и одредени услугуги со цел подетално да ги запознаат идните средношколци со својата понуда.
На пример, на штандот на Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ битолчани можеа да проверат шеќер во крвата и да им биде измерен крвниот пристисок. Средното државно музичко училиште исто така на практичен начин, преку настапи на ученици кои учат соло пеење и други инструменти, му дадоа весела атмосфера на саемот. Со свој шатанд пред деветтооделенците се претстави и СОУ "Таки Даскало" каде идните средношколци имаат можност да изберат дали своето образование ќе го продолжат во гимназија или ќе изберат некоја од струките кои ги нуди ова средно училиште: геолошко-рударска и металуршка струка, сообраќајна, графичка, градежно-геодетска, хотелско-туристичка и текстилно -кожарска струка.
На штандот на Средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ идните средношколци имаа можност да добијат информации за образовните профили од електротехничката и машинската струка кои нудат знаења и вештини потребни за 21 век.
„Саемот на средните училшта е добра инцијатива на едно место учениците да се запознаат со можностите што ги нудиме за следната учебна година и да направат својот избпр каде ќе го прдолжат школувањето. Има повеќе причини да го одберат Среното техничко училиште . Досега сме склучиле неколку меморандуми за соработка со фирми од Битола кои нудат работа. Постои голем интерес кај стопанствениците да вработата наши ученици, односно оние што немаат услови да продолжат да се школуваат на факултет, имаат можност да се вработат веднаш, да не ни заминуваат младите надвор од државата, рече Владимир Роме, директор на СОТУ “Ѓорѓи Наумов“-Битола.
„Ценевме дека преку саем во форма на хепени можат сите училишта да ги претстават своите можности каде би можеле нашите идни средношколци, сегашни деветтоодделенци да го продолжат своето образование. Интересот на општина Битола е да нема концентрација на ученици само во едно училиште, не затоа што мислиме пред се на тоа да бидат згрижени наставниците, туку напротив мислиме на тоа општина Битола да има кадар од различни профили. Како последица на тоа секако дека ќе дојде и до соодветно згрижување на наставниот кадар и цениме дека ваквиот пристап и промовирање на нештата треба да продолжат и во иднина“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
За во иднина најави покреативена медиумска презентација на можностите и капацитетите што ги нудат училиштата, со цел учениците да имаат појасна слика за тоа што нудат овие образовни институции..